Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека Европската комисија ќе излезе со нова методологија за проширување за неколку недели.
Фон дер Лајен додека ги презентираше приоритетите на хрватското претседателство во Европскиот парламент во Стразбур, ја повика ЕУ да го одржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.
Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, изјави дека очекува оти самитот на ЕУ за Западен Балкан, закажан за мај 2020 година во Загреб, ќе испрати јасна порака дека со исполнување на условите и реформите земјите од регионот се добредојдени во ЕУ.
„Крајната цел на преговорите мора да биде пристапување во ЕУ. Ова е во центарот на политиката за проширување“, истакна Пленковиќ.