Озлогласената шефица на најмоќниот мексикански картел, Марија Гвадалупе Лопез Ескивел (21), попозната под именто La Catrina, убиена е во прстрелка со војкста во Мексико, пренесуваат мексиканските медиуми цитирани од „Дејли мејл“.
Заедно со уште седум члена на картелот таа ги напднала војската, националната гарда и полицијата во Михоакан, а починала во болница од последици од ранување, а „Дејли мејл“ објави и видео од последните мигови на девојката која ја нарекувале и Дамата на смртта.
Во видеото се гледа ранетата La Catrina и мексикански војник кој ѝ вели да издржи додека не дојде хеликоптерот. Било невозможно да ја префрлат в болница на друг начин зашто членовите на бандата ги затвориле патиштата, па војкста морала да побара воздушна поддршка.
Мексиканскте власти објавија дека во акцијата е убиена шефицата на наркокартелот и дека се уапсени уште шест члена на картелот, а запленети се и сандаци муниција и оружје.
Според непотврдени информации, La Catrina се сретналка со уште еден шаф на огранок на наркокартелот, по што ги нападнале војската и полицијата. Ранетата La Catrina била префрлена в болница со хеликоптер, но повредите ѝ биле претешки. Еден од куршумите ја погодил во врато.
Иако мексиканските власти не објавија дека убиената е Марија Лопез Ескивел, на објавените фотографии и снимки се гледа жена која на ногата има тетоважа “Катрина”. Мексиканските власти се сомневаат дека Марија Лопез Ескивел била дел од групата која лани во октомври масакрираше 13 полицајци.