Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека одлуката на Калифа Хафтар да не го потпишува договорот за прекин на огнот со Владата на национално единство (ГНА) покажува кој сака војна и кој сака мир, пренесува „Спутник“.
Во понеделникот, премиерот на ГНА, Фајез Сараџ и лидерот на либиската Национална армија (ЛНА), маршалот Калифа Хафтар, се сретнаа во Москва на разговори со посредство на Русија и на Турција, со надеж дека ќе постигнат прекин на огнот. Но, Хафтар тогаш ја напушти Москва без да потпише ништо, барајќи дополнително време за преглед на нацрт-договорот.
Чавушоглу додаде дека Турција сторила сé што може за да се обезбеди прекин на огнот, додавајќи дека ако Хафтар продолжи да го право тоа, либискиот самит планиран во Берлин нема да има смисла.
Во неделата, ЛНА и ГНА објавија прекин на огнот, ефикасно запирајќи ја повеќемесечната офанзива за ЛНА за преземање на главниот град Триполи под водство на ГНА. Прекинот на огнот е кревок бидејќи двете страните се обвинуваат меѓусебно за негово кршење.
Во Либија има вооружен судир меѓу двете ривалски влади уште од 2011 година, кога нејзиниот долгогодишен лидер Моамер Гадафи беше соборен и убиен. Источниот дел на Либија сега е под контрола на ЛНА, а ГНА владее на запад. Ситуацијата ескалираше изминатите неколку месеци откако ЛНА почна нова офанзива на Триполи, кој е под контрола на ГНА и неодамна го освои крајбрежниот град Сирт.