Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе добијат нов шеф на стручниот штаб во Динамо Загреб. После вечерашниот пораз на домашен терен од Ријека во четвртфиналето на Купот на Хрватска, тренерот Дамир Крзнар си поднел оставка.
Веста официјално ја потврдија и од клубот. Викендов Динамо игра дерби против Хајдук во првенството, па управата
експресно најде нов тренер.
-По натпреварот од четвртфиналето на хрватскиот фудбалски куп против Риека, тренерот Дамир Крзнар поднесе оставка на функцијата селектор на првиот тим на Динамо. Клубот навремено ќе ја информира јавноста за понатамошните потези. Му благодариме на тренерот Крзнар за успехот што првиот тим го постигна во неговиот мандат на клупата на Динамо, за фантастичната победа против Тотенхем, за историското четвртфинале во Лига Европа и освојувањето на двојната круна во сезоната 2020/21. и за загарантирана пролет во Европа оваа сезона – пишува во соопштението.
Неофицијално, „Сините“ ќе ги води Жељко Копиќ до крајот на полусезоната! Актуелниот прв човек на младинската школа на Динамо на тој начин повторно ќе седне на клупата и ќе „дебитира“ против Хајдук, чиј тренер веќе беше.