Мнозинството Европејци, Кинези и Американци оваа година планираат помалку да патуваат со авион со цел намалување на емисијата на штетни гасови и спречување на климатските промени, се наведува во денеска објавеното истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Во анкетата на ЕИБ, 36 отсто од Европејците рекле дека и во текот на празниците помалку патувале со авион поради климатските промени, додека 75 отсто планираат тоа да го направат годинава.
Бројот на испитаници во Кина кои планираат помалку да патуваат со авион годинава изнесува 94 отсто, а во САД 69 проценти.
На авиоиндустријата отпаѓа нешто помалку од два отсто од вкупната емисија на штетни гасови, а контрола на загадување е неопходна поради очекуваното зголемување и растот на бројот на патници во авио-сообраќајот.
Со анкетата на ЕИБ опфатени се вкупно 30 илјади испитаници во 28 држави од ЕУ, САД и Кина. Спроведена е во периодот од 27 септември до 21 октомври минатат година.