Кливленд не најде решение за Ленард

Предвдоени од Кавај Ленард тимот на Лос Анџелес клиперс рано утрово го совлада Кливленд кавалирс со 25 поени разлика во кошаркарскиот натпреавр од НБА-лигата. Ленард мечот во „Стејплс центар” во ЛА го заврши со 43 поени, четири асистенции и три скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:

Атланта – Феникс 123:110
Бруклин – Јута 107:118
Мемфис – Хјустон 121:110
Милвоки – Њујорк 128:102
Голден Стејт – Далас 97:124
Лос Анџелес Клиперс – Кливленд 128:103.

По 40 одиграни натпревари Лејкерс се најуспешен тим во Западната конференција со 33 победи и седум порази.

На Исток води Милвоки бакс со биланс 36 победи и шест порази.

Треба да знаете
Последни објави