Во кошаркарската НБА-лига се одиграа пет натпреаври меѓу кои најголемо внимание привлече пресметката меѓу Феникс и Голден Стејт што го добија домаќините (104:96). Тимот на Феникс ја продолжи серија на победи со 17. триумф по ред и го заврши месецот без пораз. До победата стаса и покрај тоа што играше речиси цел натпреавер без својот најдобар кошаркар Букер кој се повреди по 15-тина минути игра. Во тој период постигна 10 поени. Најрасположен во редови на Феникс беше Ејтон со 25 поени и 11 скока, Крис Пол додаде 15 поени, 11 асистенции, 6 скока и 5 украдени топки. Причина за поразот Голден Стејт може да ја бара во слабото издание на Кари кој постигна само 12 поени, Пул со 28 беше прв стрелец. Кај гостите, најефикасен беше Џордан Пул со 28 поени.
Дербито на Њујорк меѓу Бруклин и Никси му припадна на домаќинот кој славеше со 112:110. Џејмс Харден блесна кај домаќините со 34 поени и 10 скокови, а одличен беше и Кевин Дјурант со 27 забележани кошеви. Кај гостите најрасположени за кошови беа Алек Бурк (25) и Џулиус Рендл со 24 постигнати поени.
НБА резултати: Бруклин Нетс – Њујорк Никс 112:110, Торонто Репторс – Мемфис Гризлис 91:98, Феникс Санс – Голден Стејт Ворирос 104:96, Портланд Трејлблејзерс – Детроит Пистонс 110:92, Сакраменто Кингс – Лос Анџелес Лејкерс 92:117.