Претседателот Јоханис го поддржа предлогот за предвремени избори во Романија

Романскиот претседател Клаус Јоханис вчера го поддржа свикувањето предвремени избори во земјата, пренесе агенцијата Аџерпрес.

Во ситуација кога Романците сакаат промени и тоа го покажаа на сите избори, природно е да се свикаат парламентарни избори колку што е можно поскоро, рече Јоханис.
Според претседателот, предвремените избори нема да доведат до политичка криза или да ја усложнат ситуацијата во земјата.

Јоханис во ноември 2019 година го освои својот втор претседателски мандат, како кандидат на Национално-либералната партија.

Претходно премиерот Лудовик Орбан соопшти дека предвремените парламентарни избори можат да бидат организирани истовремено со локалните избори во текот на летото.

Редовните парламентарни избори треба да се оддржат на крајот на оваа година, а локалните избори се очекува да бидат во јуни.

Треба да знаете
Последни објави