ХРТ ќе гради мини елекстрана на гас

До 2021 година, во кругот на зградата на Хрватската радио и телевизија треба да се изгради мини гасна централа за снабдување на медиумот со електрична енергија, греење и ладење, јавија хрватски медиуми.

Станува збор за инвестиција од 17,5 милиони евра во постројка од трета генерација што треба да се изгрсади и со неа да управува компанија избрана на јавен конкурс.

ХРТ очекува дека со користењето и набавката на електрична енергија, топлина и ладење од објектот ќе заштеди околу десет проценти од годишната потрошувачка на енергија.

Конечната заштеда зависи од исходот од јавниот конкурс, според ХРТ, чиј јавен тендер за изградба и работење на електраната е отворен до 24 февруари годинава.

Треба да знаете
Последни објави