Норвешка во првиот меч од втората фаза во групата 2 на 14. Европско ракометно првенство без проблеми ја совлада Унгарија 36-29 во вториот меч денеска одигран во Малме.
Норвежаните уте на самиот почеток покажаа дека нема да се шегуваат. започнаа силовито и поведоа со 9-2. Ова убедливо водство го контролираа и на почлувреме заминаа со 20-12. Унгарија на почетокот од вториот дел се закани дека може да стори чудо и во 40. минута намали на четири гола (23-19). Норвешка брзо се реорагнизираше, додаде пак „гас“ и без проблем го приведе натпреварот до победнички крај со 36-29.
Сандер Сагосен со седум гола најефикасен кај Норвежаните, а Јоханесен мечот го заврши со шест погодоци. Кај Унгарците Бенце Наџи и Патрик Лигетвари постигнаа по пет гола.