Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Тој вечерва го постигна единствениот гол за Џенова во поразот од Рома (1:3) пред своите гледачи во 20. коло од италјанската Серија А.
За Пандев ова беше петти гол сезонава и е еден од најефикасните играчи на Џенова на која и претстои тешка борба за опстанок во Серија А, каде се наоѓа на претпоследното 19. место на табелата со 14 освоени бода.
Освен на Рома, Пандев гол им даде и на Сасуоло, Лече, Удинезе и Бреша.