Методија Мирчев е назначен за нов извршен директор на А1 Македонија. Од, компанијата соопштуваат дека тој од денеска ги презема одговрностите на извршната позиција и ќе го наследи Мислав Галер, кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.
Методија Мирчев доаѓа на оваа позиција со огромно знаење и стекнато искуство во различни области во мултинационални компании. Тој ја започнува својата кариера во FMCG индустријата во Полска извршувајќи раководни позиции во неколку интернационални компании. Пред да премине во телеком индустријата, тој имал извршна позиција во L’Oréal Полска.
Како Директор за продажба и Главен комерцијален директор во телекомуникациската компанија Космофон, Методија покажува врвни лидерски способности за кои е потребно огромно познавање на технологијата во бизнис работењето, како во B2B така и во B2C сегментот. Во 2011 година Методија ја продолжува кариерата на позицијата Главен директор за продажба и маркетинг во ОНЕ – Телеком Словенија Групацијата по која бил унапреден во извршен член на Бордот на директори на ОНЕ и ја извршува функцијата главен оперативен директор.
Методија дипломирал на Варшавскиот технолошки универзитет, магистрирал на Лондонската и Париската бизнис школа, како и Норвешката школа за економија.
– А1 Македонија му посакува добредојде на Методија како нов Извршен директор. Уверени сме дека со неговата биографија и широко искуство во телекомуникациската индустрија ќе ја направи компанијата уште посилен играч на телекомуникацискиот пазар во земјата, стои во соопштението.
Методија го наследува Мислав Галер кој во 2017 година беше назначен за Извршен директор на оне.Вип
А1 Македонија ја изразува својата благодарност кон Мислав за неговото посветено работење во изминатите две години во компанијата и му посакува успех во неговата идна кариера.