Куман дебело го наплати заминувањето од Барселона

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Барселона си подала рака со Роналд Куман за условите под кои ќе се разделат, Холанѓанецот ќе добие 10 милиони евра до 31. декември.

По поразот од Рајо, раководството на Барса реши да му врачи отказ на Роналд Куман. Тогаш се пишуваше дека на Холанѓанецот му селедуваат 12 милиони евра оштета и тој нема да им прости на „каталонците“ ниту едно евро.

Сепак, неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Роналд Куман попуштил, двете страни си подале рака за тој да добие 10 милиони евра како компензација за предвремениот прекин на договорот.

Оваа сума ќе треба да му биде исплатена до крајот на годината, односно до 31. декември.

Треба да знаете
Последни објави