ОН го поздравија формирањето Влада во Либан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го поздрави формирањето на новата Влада во Либан и најави соработка со новиот премиер Хасан Дијаб со цел поддршка на реформите во оваа презадолжена земја која се соочува економската криза.

Во соопштение на портпаролот на генералниот секретар се вели дека Обединетите нации се посветени да му помогнат на Либан да го зајакне својот суверенитет, стабилност и политичка независност.

Либан доби нова Влада предводена од премиерот Хасан Дијаб, откако после повеќенеделен спор ја поддржаа шиитското движење Хезболах и неговите сојузници.

Треба да знаете
Последни објави