Старотна глетка во која загинаа двајца млади мажи, а тешко е повредена една жена по сообраќјната несреќа на Ибарската магистрала во атарот на селото Милочај кај Тавник, во близината на Краљево. Автомобилот „голф“ е целосно згмечен по судирот со автобус.
Како што дознаваат српските медиуми, до несреќата дошло кога автомобилот „голф“ со црногорски регистерски таблички претркувал два камиона, по што се забил во автобус кој возел на спротивната лента.
Животот на лице место го загубиле братучедите Селмин Х.(28) и Ердан Х.(18), а мајката на Селмин, Неима (49) е итно пренесена во болница, но засега не се знае тежината на повредите.
Никој од патниците на автобусот не е повреден, а сообраќајот засега е во прекин на тој дел од патот.