Компаниите кои спроведуваат активности за зголемување на задоволството на купувачите, своите CX иницијативи можат да ги пријават до 7 февруари и да влезат во трка за првите Sout est Europe customer experience awards.
Овие награди се најголемиот настан од ваков вид на светско ниво, а првпат се воведуваат во Југоисточна Европа. Најдобрите ќе бидат избрани во транспарентен процес на оценување, од страна на независни судии. Најголемиот дел од презентациите на иницијативите ќе бидат отворени за посетители, со што ќе претставуваат и еден вид конференција со едукативен карактер.
-Нашите награди ширум светот играат значајна улога во областа на искуство на потрошувачите. Воведувањето на оваа награда има иста цел- да ги препознаеме и да им оддадеме признание на оние компании кои се истрајни во намерата да го унапредат искуството на потрошувачите и своите купувачи да ги стават на прво место”- истакнуваат од Awards International, организатор на наградите.
Компанијата, со седиште во Белград, реализира свои конференции и настани во Велика Британија, Соединетите арапски емирати, Холандија, а отсега и во Југоисточна Европа.
Заинтересираните, своите иницијативи може да ги пријават онлајн на https://seecxa.com/enter-now. Финалето и свечената церемонија на доделување на наградите ќе се одржи во четврток, 29 мај оваа година, во Белград.