(Видео) Необичен облак во форма на црн прстен ги преплаши жителите на Пакистан

Мистериозен црн облак во форма на буквата О, забележан е над град во Пакистан и предизвика страв и бројни необични теории од жителите и корисниците на интернет, при што некои сугерираа дека необичната појава е предвесник на вонземјанска инвазија, пренесува РТ.

Виден како лебди над Лахор во вторникот, „злокобниот“ облак , како што некои го нарекоа, ги стаписа набљудувачите, од кои многумина на социјалните мрежи се обидоа да откријат на што биле сведоци.

Еден корисник се пошегува дека воздушниот феномен е само моден детаљ од градот Лахор, за светот да знае дека пуши електронски цигари. Други наскоро почнаа да посочуваат слични појави на други места во светот, а еден корисник сподели клип од истиот феномен снимен во Дубаи.

https://twitter.com/i/status/1219569099161964545

Иако некои корисници сметале дека станува збор за необична шега, сепак темни, прстенести облаци се забележани низ целиот свет.

Објаснувањето е поприземно од вонземјанска инвазија или портал до други свет – облакот најверојатно е предизвикан од мала експлозија или од согорување. Во еден неславен случај во Велика Британија во 2014 година, наречен „Црниот прстен од бањата Лемингтон“, облакот бил создаден од огномет.

Треба да знаете
Последни објави