Голем инцидент се случил вчера во Основното училиште „Блаже Конески“ во Општина Аеродром кога родител на второодделенец насилно влегол во објектот и го натерал својот син да истепа друго дете, раскажуваат за Плусинфо извори од училиштето.
-Во Полициската станица Аеродром, 44-годишниот С.Т. од Скопје денеска пријави инцидент што се случич вчера во Основно училиште во населбата Аеродром. Според неговата изјава, откако се степале неговиот син и друг соученик, дошол родителот на соученикот и го фатил за рака неговиот син, а соученикот го удирал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат за Плусинфо од МВР.