Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев во паника распишуваат огласи за вработувања во администрацијата во изборни цели. Ја нарекуваа трома администрација, а сега ја полнат и ја партизираат без срам.Нема јавна институција каде одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.
Сега „Царина“ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како е наведено, „заради зголемен обем на работа до крајот на годината“.Од нив еден е за во кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време.
Ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа. Ова е класичен обид за злоупотреба на надежта за постојано вработување, но само и само доколку се покаже определено, за СДСМ и за Зоран Заев, посакувано однесување на изборите. Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборен поткуп за СДСМ до сега минуваше неказниво и без поднесување на одговорност. Но, одговорност ќе има.СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите порази, за сите измами и криминали.На 12ти април следува одговорност. Заев и СДСМ никогаш повеќе.“