На 21.01.2020 во 16.00 часот во Полициската станица Свети Николе, Ѓ.Ѓ.(78) од Свети Николе пријавила дека од едно лице била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, на 21.01.2020 во 11.00 часот лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски инспектор од Скопје и ја известило дека наводно нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете и за да не оди во затвор ѝ побарал 2.000 евра, кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе. Исто така, според пријавеното, околу 12.15 часот пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите. Потоа пријавителката сфатила дека била измамена и го пријавила случајот во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.