Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Џ.М.(38) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.12.2019 полициски службеници, при извршен претрес во фирма во Крива Паланка, пронашле и одзеле пиротехнички средства кои пријавената неовластено ги набавила за продажба.