Рохинџите во Мијанмар ја чекаат првата одлука на Европскиот суд за правда

Европскиот суд за правда денеска ќе одлучи за барањето на Гамбија да се донесат итни мерки во Мијанмар за заштита на Рохинџите од насилство.

Гамбија во декември покрена процес пред судот на ОН кој суди во спорови меѓу држави, обвинувајќи го Мијанмар за геноцид против Рохинџите, со што се крши конвенцијата од 1948 година.

Пресудата што треба да биде донесена денеска се однесува на барањето на Гамбија за донесување итни мерки и нема да прејудицира конечна одлука за која можеби ќе бидат потребни и години.

Гамбија побара серија заштитни мерки, вклучувајќи и итно запирање на насилството. Земјата побара од судиите да му наредат на Мијанмар да им обезбеди пристап на телата на ОН кои ги истражуваат наводните злосторства против Рохинџите.

По воената интервенција во 2017 година од Мијанмар во соседен Бангладеш избегаа повеќе од 730.000 Рохинџи. Истрага на ОН заклучи дека воената интервенција имала „геноцидни намери”.

Треба да знаете
Последни објави