На 22.01.2020 во 08.00 часот на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола, патничко возило „рено меган“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т.(27) од Битола, удрило во пешаците П.Н.(65) и Ќ.Н.(63), двајцата од Битола.
Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.