Мишел во февруари ќе организира средба на лидерите од Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел од Ерусалим најави дека во февруари ќе организира самит на лидерите од Западен Балкан. Оваа веста тој ја соопштил на средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Очекувам Мишел наскоро да организира некаков собир, на кој ќе се соберат сите лидери од Западен Балкан, каде ќе продолжиме да разговараме, изјави Вучиќ за српските медиуми.

На вечерата во Ерусалим, организирана од изралескиот претседател, Мишел и Вучиќ разговарале за позициите на Србија и на Црна Гора, двете земји кои веќе имаат отпочнато преговори за членство во Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави