Судското рочиште за екстрадирање на Асанж ќе биде во два дела

Судското рочиште на кое ќе се одлучува дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во САД, ќе биде поделено во два дела, со тоа што вториот е одложен до мај, пресуди денеска британскиот суд.

По барањето на правниот тим на Асанж и адвокатите кои ги претставуваат САД, судијата на Прекршочниот суд во лондонскиот Вестминстер се согласи рочиштето да почне на 24 февруари и да трае една недела. Останатите три недели од судскиот процес ќе се одржат од 18 мај.

Асанж до екстрадирањето во САД се наоѓа во британски затвор, каде издржува казна поради кршење на правилата за кауција.

Треба да знаете
Последни објави