Украинскиот премиер Олексиј Хончарук изјави денеска во Давос дека „не планира да оди никаде” се додека има мислења дека тој или неговата влада може да си поднесат оставка.
Одговарајќи на новинарски прашања на маргините на Светскиот економски форум, првично се обиде да избегне да се изјасни за тоа дали ќе ја напушти функцијата премиер.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски минатата недела не ја прифати оставката на премиерот, откако беше објавена снимка на која тој зборува дека Зеленски, поранешниот актер без политичко искуство, не знае ништо за економија.
– Не планирам да одам никаде. Тимските односи со претседателот се одлични, рече Хончарук.
Тој додаде дека има „многу провокации и манипулации” во врска со владата.