Кинеските новогодишни прослави во Пекинг се откажани поради обидите да се спречи епидемијата на новиот коронавирус, што веќе предизвика смрт на 17 лица, а стотици се заразени.
Локалните власти соопштија дека ќе ги откажат новогодишните настани во Пекинг, на кои секогаш присуствуваат голем број туристи, со цел „зголемување на превенцијата” за коронавирусот.