Соња Бартон од Англија дознала дека нејзиниот сопруг, со кого има три деца, ја изневерува. За да му се одмазди, таа ја зела неговата омилена колекција плочи и од нив направила кујнски под.
Двојката живеела во истата куќа 13 години, а по разводот со неверниот сопруг, Соња одлучила дека на нејзиниот дом му треба преуредување.
Таа и порано сакала да стави плочи на подот во кујната, но на нејзиниот сопруг не му се допаднала идејата. По разводот, таа решила да го реновира домот и како идеја ја искористила колекцијата плочи на поранешниот сопруг.
„Сакав да ги ставам плочите на подот во кујната пред тоа, но мојот сопруг не го сакаше тоа, а по разводот решив да го сторам тоа. Секогаш кога ќе влезам во кујната, ме забавува и ме тера да се смеам кога ќе ги видам неговите плочи на подот“, рече таа.
Својата преуредена кујна ја нарекува „плод на љубовта“. Таа работела само за време на викендите и ѝ била потребна една година за да го заврши проектот.