– Рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи да се одржи самит на лидерите од Русија, Кина, САД, Франција и Велика Британија во 2020 година, за да разговараат за светските прашања.
– Занемарувањето на минатото во врска со заканите може да има сериозни последици, рече Путин на петтиот Светски форум за холокаустот, пренесе руската агенција ТАСС.
Тој истакна дека е неопходно да се има храброст не само да се каже тоа директно, туку и да се стори сé што е во моќта на лидерите за да се заштити и одбрани мирот.
Според него, петте сили кои имаат посебна одговорност за зачувување на цивилизацијата можат и мора да дадат пример.
Путин рече дека со некои колеги веќе разговарал за идејата.
Тој предложи состанокот да се одржи во која било земја што колегите сметаат дека е соодветно место.