– Американскиот Стејт департмент денеска повика сите кои патуваат за Кина да бидат особено внимателни поради епидемијата од коронавирусот, јави Гласот на Америка.
Во повеќе земји во светот веќе се преземаат мерки за запирање на оваа болест да не се прошири во меѓународни размери.
Вирусот се појави во Кина и кинеските власти денеска изолираа пет града кои се во средиштето на епидемијата, а причина се 17 смртни случаи досега.
Од вирусот се имаат заразено 630 луѓе.