Од СДСМ велат дека обвинувањата на Игор Јанушев оти власта на свои фирми им поделила 31 лиценца за одгледување канабис се само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека дека партијата на Христијан Мицкоски е целосно потоната во матрица на лажни вести, измислици и конструирани случаи.
„Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат ситни политички поени. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот“, се наведува во партиската реакција, во која се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загуби претстојните парламентарни избори, исто како што бил случајот и со последните локални и претседателски избори.