– Германската полиција соопшти дека 26-годишно момче од градот Рот ам Зе денеска попладне извршило убиство врз своите родители и уште четири членови на семејството со полуавтоматска пушка, а потоа повикал полиција и чекал да биде уапсен.
Во инцидентот повредени се две лица, од кое едното се наоѓа во животна опасност. Осомничениот им се заканувал и на две деца на возраст од 12 и 14 години, но тие не се повредени.
– Уапсен е 26-годишен германски државјанин, кој ќе биде сослушан штом пристигне неговиот адвокат. Во куќата и зад неа се пронајдени шест тела, тројца мажи на возраст од 36, 65 и 69 години, како и три жени на возраст од 36, 56 и 62 години, изјави локалниот шеф на полицијата Рајнер Мелер, додавајќи дека две од жртвите се родители на напаѓачот.
Засега не е познат мотивот за нападот, но се претпоставува дека станува збор за семејни несогласувања. Напаѓачот бил член на стрелачки клуб.