Освен во првите минути од мечот, Шпанија го имаше резултатот под своја контрола, неколку пати во текот на второто полувреме водеше и со шест голови разлика.
Но Словенија полека успеа да се врати и на крајот да дојде до само еден гол негатива, тие се понадеваа дека можат да дојдат и до изедначување, но Шпанците со гол во последниот нивен напад победија со 34:32.
Душебаев, Ентрериос и Фернандез постигнаа по шест гола, во составот на Словенија Доленец реализираше седум пати, Јанц шест.
Шпанија и Хрватска го играа и последниот меч од групната фаза кој заврши без победник 22:22.
Финалето се игра во недела со почеток од 16:30 часот.