Михајловиќ повторно е во болница

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Болоња, Синиша Михајловиќ повторно е примен на институтот за хематологија, Серањоли, пренесуваат тамошните медиуми. Српскиот стратег е хоспитализиран поради антивирусна терапија која наводно му е потребна по трансплатацијата на коскената срцевина.

Здравствените работници за медиумите во Италија изјавија дека должината на неговиот престој во болницата треба да биде пократка од претходните случаи. Михајловиќ на крајот на минатата година го заврши просецот на хемотерапија, откако му беше дијагностицирана леукемија. Тој имаше голема поддршка од раководството на Болоња, кое во ниту еден момент не размислуваше да ја прекине соработката со српскиот стратег.

Треба да знаете
Последни објави