Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов вработен во Фондот за здравство, кој денеска сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување имало, но, нејзината мајка, Жаклина Димовска, сакала интервенцијата да се изведе во друга клиника, а не во таа каде одобриле членовите на ФЗО, објави Макфакс.

Хаџигогов побарал Димовска да го подигне решението од архива, а доколку не се согласува да поднесе жалба, посочи сведокот.

-Димовска кажа дека сака да биде медицински азилант во Германија или Америка затоа што и второто дете и имало тешко заболување, рече сведокот.

Тој објасни дека на 21 јануари 2015 година Димовска дошла во Фондот, каде ѝ било покажано позитивното мислење за лекување на Тамара во странство, а таа побарала да види како изледа болницата во Турција.

Димовска, според кажувањето на Хаџигогов, барала Тамара да биде лекувана во Германија или САД и посочила дека и тму цената е 250.000 евро, но пак познаници ќе ја намалеле сумата која требала да се плати за операцијата.

-Прашуваше како може да ги искористи средствата одобрени од Фондот, односно лекувањето да си го плати приватно, а да побара рефундација на средства во висина на одобрениот износ.Повторно и објаснив дека решението потребно е да го подигне архивски, да плати лекување за таа интервенција во светот, а потоа да си побара рефундација на средствата кои ги одобрил ФЗО, посочи тој.

Димовска состанокот со Хаџигогов, вработен во ФЗО, му кажала, како што рече сведокот си „дека дале отказ од работа и убаво живееле од парите од донации“.

-Димовска кажа дека сака да биде медицински азилант во Германија или Америка затоа што и второто дете и имало тешко заболување. На мое прашање ‘Какво заболување’, таа одговори дека има срцева мана и дека во четврток треба да се оперира во приватна кардиохирургија. Притоа, да плати 8 илјади евра, затоа што, нема здравствено осигурување бидејќи си дале отказ од работа и убаво живееле од парите од донации, посочи Хаџигогов.

Од мајката на Тамара било побарано да го подигне решението за лекување во странство, рече Хаџигогов, според кого, Димовска му кажала дека има време за тоа бидејќи операцијата ќе биде по 8 февруари бидејќи, како што посочи тој, приоритет на Димовска и било лекувањето на другата ќерка.

Хаџигогов даде објаснување дека Димовска му кажала дека не сакала да ја лекува нејзината ќерка во Турција бидејќи ќе и ги изваделе пршлените.

„Госпоѓа Жаклина во разговорот ни кажа дека таа начелно е против било какво лекување во Турција бидејќи некој врвен стручњак од приватно и кажал дека на Тамара ќе и ги извадат пршлените и ќе ги фрлат, а девојчето ќе останело ‘кепец’. Не знаев што е тој збор, ја прашав што значи, а таа стана да покаже колку е висока и кажа дека детето ќе и останело џуџе доколку се лекува во Турција“, рече Хаџигогов.

 

Треба да знаете
Последни објави