ЕК од блиску го набљудува однесувањето на хрватската полиција кон мигрантите

Европската Комисија е запознаена со медиумските извештаи за полициска бруталност во Хрватска кон мигрантите на границата и од блиску ја набљудува ситуацијата, потврди денеска Европската Комисија.

-Сериозни ги сфаќаме овие наводи, и знаеме дека ова е прашање со кое Хрватска треба да се справи, во контакт сме со хрватските власти, побаравме да се справат со ова, да мониторираат одблиску и да ја информираат Европската Комисија, ги поддржуваме напорите на Хрватска да обезбеди почитување на темелните права на нејзината граница, и на барање на Европската Комисија воведен е механизам за да се осигури дека сите активности на границата се во согласност со правото на ЕУ, изјави попладнево портпаролот на ЕК, Адалберт Јанз. 

Треба да знаете
Последни објави