Прв смртен случај од новиот вирус регистриран во Пекинг

– Властите во Пекинг денеска потврдија за прв смртен случај во кинескиот главен град од новиот смртоносен вирус што брзо се шири низ целата земја, каде досега живот загубија повеќе од 80 луѓе и предизвика глобален аларм.

Жртвата е 50-годишен маж, кој го посетил централниот град Вухан, епицентар на епидемијата, на 8 јануари и развил треска откако се вратил во Пекинг седум дена подоцна, соопшти градската здравствена комисија.

Тој бил хоспитализиран на 21 јануари и почина денеска од респираторни компликации, соопшти комисијата.

Вкупно 80 од повеќе од 2.700 случаи се регистрирани во кинеската престолнина каде живеат 20 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави