Стејт департментот ги предупреди Американците да избегнуваат да патуваат во Кина поради ширење на коронавирусот и го подигна предупредувањето за патување во таа земја на трето ниво.
Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот, патувањето во Кина треба да се преиспита поради новиот вид коронавирус кој првпат се појави во Вухан, истакнувајќи дека во некои области ризикот е зголемен, а кинеските здравствени власти пријавиле илјадници случаи заболени низ Кина.
Американскиот Центар за контрола и спречување болести издаде предупредување за патување од трето ниво, наведувајќи дека треба да се избегнува секое патување во Кина кое не е неопходно. Притоа се посочува дека кинеските власти воведоа карантин и го ограничуваат патувањето низ земјата.
За провинцијата Хебеј, каде што главен град е Вухан, издадено е највисоко предупредување од четврто ниво во кое се советува воопшто да не се патува таму поради коронавирусот.