Американскиот и турскиот претседател Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, соопшти портпаролот на Белата куќа.
– Двајцата лидери разговараа за тоа како може да се елиминира надворешното мешање и да се одржи прекинот на огнот во Либија. Тие се согласија дека насилството во Идлиб во Сирија мора да престане, напиша Џад Дир на Твитер.
Според агенцијата Анадолија, Трамп му изразил сочувство на Ердоган и за земјотресот што ја погоди источна Турција во петокот.
Бројот на загинати лица во земјотресот, што со јачина од 6,8 степени го погоди источниот турски град Елазиг, изнесува 41, а повеќе од илјада лица се повредени.