Трагично загинатата НБА-ѕвезда, Коби Брајант и неговата сопруга Ванеса имале ен договор никогаш да не летаат заедно со хеликоптерот, соопштуваат во трагедијата нивни блиски пријатели за американските медиуми. Кошаркарската НБА-легенда Коби настрада при пад на хеликоптер со уште осум други лица, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џана.
Коби и Ванеса беа во брак од 2001 година. Неговата сопруга поради заштитата за иднината на децата инсистирала на не го користата ова превозно средство заедно токму за да не се случи некаква несреќа. Тој нивни договор го почитувале долги години. Од тие причини Ванеса кобното утро не патувала со хеликоптерот и покрај тоа што и таа сакала да го следи кошаркарскиот натпреварот на својата ќерка.
Коби го користеше хеликоптерот за да ја избегнува сообраќајниот метеж во Лос Анѓелес.
-Знам дека патувајќи на натпреварите еден ден реков дека мора да најдам начин да го избегнам тој сообраќаен метеж. Па, така се одлучив за хеликоптерот – беше образложението на Коби за редовното користење на хеликоптерот.
Според нивните најблиски, неговата сопруга Ванеса инсистирала и секогаш кога е можно да биде избегнато патувањето со хеликоптерот. А, тоа да остане како опција единствено во неизбежни случаи.