Хеликоптерот со кој загина Коби немал црна кутија

Официјалната истрага за хеликоптерската несреќа во која загина кошаркарската НБА легенда Коби брајант со уште осум други сопатници меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џиана Марија. почна, иако првичните претпоставки за трагедијата се смета дека се густата магла за време на летот, но и грешката на пилотот кој поради лошиот преглед тргнал кон планината.

Американските медиуми пишуваат дека истрагата ќе биде отежната поради тоа што хеликоптерот немал црна кутија. Леталото се користи ширум светот, а црната кутија не е вклучена.

Полицијата и истражувачите го обезбедија местото на несреќата и секој дел може да биде многу важен, па повеќе детали за трагедијата се очекуваат во следните денови.

Треба да знаете
Последни објави