Северна Кореја со карантин, а Јужна Кореја со петиција против коронавирусот

Северна Кореја и Јужна Кореја се мобилизираат поради коронавирусот.

Како што објави Амбасадата на Русија во Пјонгјанг, Северна Кореја ќе воведе едномесечен карантин за сите посетители кои доаѓаат од Кина со цел да го спречи ширењето на коронавирусот.

Северна Кореја не соопшти за ниту еден пациент од коронавирусот, од кој во Кина почина 106 лица, а повеќе од 4.500 се заразени.

Јужна Кореја најави дека ќе ги евакуира своите граѓани од Вухан, епицентарот на коронавирусот.

Во Јужна Кореја повеќе од половина милион граѓани потпишаа петиција во која бараат да се забрани влез во земјата на луѓе од Кина. Петицијата е доставена до јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Во Јужна Кореја потврдени четири случаи од кои едно лице е од Кина, а останатите се жители на Јужна Кореја, кои престојувале во Вухан.

Треба да знаете
Последни објави