ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за обвинителство

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Заев и СДСМ сакаат набрзина да донесат Закон кој ќе го амнестира нивниот криминал. Тоа само го покажува стравот на СДСМ и Заев од владеењето на правото и правната држава.

Последен доказ за тоа е скандалот во кој се гледа како обвинителството на Русковска го амнестирала по кој знае кој пат криминалот на Заев во случајот со поткупот на гласачи од 2014 година. Овој случај бил отворен и затворен во експресна постапка при очигледни докази, без да дознае јавноста со краен исход ослободување на Заев од обвинение.

Заев не е амнестиран само за поткупот на гласачи во 2014, туку и за случајот Глобал, случајот Поткуп, случајот Пуч, а нема никаква реакција од обвинителството за изборниот поткуп и на референдумот во 2018 година.

Обвинителството го претворија во консилиер на мафијашката група на власт. Секој скандал, афера, криминал и индиции за корупција на власта на Заев, обвинителството го забошотува. Да потсетиме на Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, Крвавиот Тендер, Аферата Кеш, Канабис Милионите, Криминалните иновации, аферата Леонардо, аферата Сархемс, но и насилството на Курто Дудуш, заканите на градоначалникот од Демир Хисар, шверцот на Боро Марлборо.

Заев и СДСМ бегаат од квалитетен закон за обвинителство, затоа што така нема да може некоја Вилма Русковска или Љубомир Јовески да ги сокрива и ослободува од милионските криминали и афери.

Времето на Заев помина, а поминува и времето на селективна правда и заштита на неговиот криминал. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 Април следува одговорност. Заев никогаш повеќе

Треба да знаете
Последни објави