Бред Пит и неговиот добар другар Леонардо Дикаприо во понеделникот беа заедно на свечен ручек во Холивуд на кој присуствуваа номинираните кандидати за Оскар.
Бред (55) на себе имаше преголем сив костум, а Леонардо (45) се реши за класичен црн во комбинација со снежно бела кошула.
И без оглед на фактот дека повеќето знаат кој е Бред Пит, актерот на реверот имаше беџ на кој го пишуваше неговото име и категоријата во која е номиниран.
„Бред Пит. Актер во Споредна улога, Беше еднаш… во Холивуд, ОСКАРИ“ пишува на беџот.
Номинираните за 92-те Оскари во понеделникот се собраа во балската сала „Реј Долби“ во Холивуд на традиционален годишен ручек за номинирани кандидати. Одзивот беше голем како и обично, а настанот оваа година започна со момент на молчење за Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и седум други жртви на хеликоптерска несреќа што се случи во неделата.
Ова е прв пат традиционалниот ручек да се одржува во Реј Долби. Претходно, ваквите средби се случуваа во Беверли Хилтон, но поради скратената сезона на Оскарите, свечениот настан мораше да се пресели.