Група од 60 емигранти насила ја пробиле оградата кај српско-унгарскиот премин Хоргош-Реске 2 за да влезата во Европската унија, но унгарските граничари испукале три предупредувачки истрели, пренесуваат српските медиуми.
Унгарската полиција соопшти дека две групи емигранти утринава околу 4:30 часот се обиделе нелегално да влезат на територијата на Унгарија во близина на граничниот премин Хоргош-Реске 2.
Околу 60 емигранти ја пробиле оградата во време кога преминот бил затворен, а дежурните унгарски полицајци испукале неколку истрели во воздух, што ги спречило емигрантите нелегално да влезат во Унгарија.
Четири лица се уапсени, а граничниот премин останува затворен.