Мекгрејди: Коби често зборуваше дека сака да умре млад…

Некогашни ривали од паркетот, но и приајтели во животот на трагично загинатиот кошаркар во хеликоптерската несреќа која се случи во неделата наутро, Коби Брајант евоцираат спомени од миговите поминати со еден од најдобрите НБА играчи. За легендарната „Црна мамаба“ кој погина во 41. година од животот со својата 13 годишна ќерка и уште седум други сопатници, токму патувајќи на кошаркарски натпревар се присетува Трејси Мекгрејди, кој му беше ривал на теренот дека настапуваше за Хјустон и Торонто. По завршувањето на играчката кариара повторно ги зближиле нивните деца.

-Лејкерси се бореа за титулата, а јас за трофејот најдобар стрелец, бидејќи титулата  беше далеку од мене. Нашата врска се изгуби поради неговиот карактер и она што тој сакаше да го направи. Јас бев на другата страна  – раскажува Мекгрејди.

-Се зближивме повторно преку децата… Бевме тренери во тимовите во кој играа нашите деца. Почнавме да се присетуваме на нашето минато. Коби ги гледаше моите деца, а јас Џиџи. Беше посебна. Гледајќи ја незе како да го гледав Коби – им раскажувал Мекгрејди на америакнските новинари.

-Тој изјави нешто што шокираше многу луѓе. Коби често знаеше да каже дека би сакал да умре млад, што на жалост на крајот и му се случи. Знам дека звучи лудо, но Коби тоа го кажуваше… Стално го повторуваше. Мислев дека не е нормален што зборува. Кажуваше како ќе биде овековечен ако умре малд, дека сака да направи голема кариера и да биде подобар од Мајкл Џордан – вели Ти Мек кој кога ја дознал веста за несреќата неможел да поверува дека е вистинита.

 

 

Треба да знаете
Последни објави