Денешното сведочење на обвинителот Бурим Рустеми за случајот во јавноста познат како Рекет е доказ дека на сите во нашата земја им е потребна правда под итно.
Само на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски носењето на Законот им било многу брзо, Правдата веќе не може да чека. Правдата веќе не може и не смее да го чека ВМРО-ДПМНЕ.
Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот.
Токму носењето на Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Додека, сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение за ЈО, само осаменото ВМРО ДПМНЕ продолжува да биде кочничар како и за се друго што е во интерес на државата и граѓаните.
Затоа на 12 април граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, насочени кон владеење на правото и градење на правната држава. Граѓаните ќе порачат режим никогаш повеќе.