Американската пејачка Гвен Стефани изгледаше беспрекорно на годинашните Греми награди, каде што пристигна со сопругот Блејк Шелтон. Сепак, многу фанови ги забележаа големите промени на нејзиното лице.
Педесетгодишната Гвен се појави на црвениот килим во минијатурен фустан и високи чизми, менувајќи ги облеките три пати, но најмногу од сè таа го привлече вниманието со нејзиниот неверојатно свеж изглед, без ниедна брчка на лицето, со речиси порцелански тен.
Веднаш почнаа да кружат гласови дека популарната пејачка сè повеќе се подложува на естетски операции за да изгледа што е можно помлада.
На социјалните мрежи се појавија коментари во кои обожавателите се прашуваат што се случува со нејзиното лице.
„О Боже, што му направи Гвен Стефани на лицето?“ праша еден фан.
„Еј Гвен, престани со пластични операции и ботокс на твоето убаво лице. Почнуваш да изгледаш како лажна Мадона “, забележа друг обожавател.
„Лицето на Гвен Стефани е составено од 99% пластика и 1% кожа“, вели една девојка.