Израелската војска распоредува безбедносни сили како дополнително засилување во Западниот Брег, пред најавата за мировниот план за Блискиот исток од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Палестинците веќе го отфрлија планот, според кој се очекува силно да го фаворизира Израел и да му го отвори патот на земјата да анектира големи делови на Западниот Брег.
Исто така, Палестинците планираат протести во текот на денешниот ден и утре, со што се зголемува можноста од судири со израелските војници.
Израелската војска соопшти денеска дека одлучила да го зголеми присуството во Јорданската долина со помош на пешадиски војници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно вети дека ќе ја анектира Јорданската долина, која претставува четвртина од територијата на западниот брег.
Во рамки на долгоочекуваниот мировен план за Блискиот исток, што ќе го претстави денеска Трамп, се очекува да биде предложено прекројување на границата помеѓу Израел и Западниот брег и на Палестинците да им биде понуден пат до стекнување државност доколку поминат серија тестови, пишува „Вашингтон пост”.