Новиот коронавирус може да се пренесе на оддалеченост од 2 метри, предупредува Националната здравствена комисија на Кина.
Експертите објаснуваат дека вирусот може да се пренесе преку контакт ако стигне до човечките очи или слузокожата.
„Секој треба да носи заштитни маски и да го намали бројот на блиски контакти што е можно повеќе. Под ова подразбираме растојание од најмалку два метра. Ако е помало, може да дојде до контаминација“, објасни д-р Ли Ксингванг од пекиншката болница Дитан.